Инспектори на УЈП и МВР „пречекани“ со камења во Студеничани
Контролата на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат со полициска асистенција во скопско Студеничани синоќа била дочекана од револтирани граѓани кои со камења оштетиле неколку возила на МВР.
Инспекторите откриле неправилности во неколку угостителски објекти и биле изречени казни особено заради непочитување на Законот за забрана на пушењето на јавни места.
За време на акцијата, револтирани граѓани се собралеи започнале со камења да фрлаат кон полициските возила. Полицијата презема мерки за расветлување на случајот и откривање на сторителите.
Слично
