Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспектори ќе проверуваат дали фирмите исплатиле К-15

Инспектори ќе проверуваат дали фирмите исплатиле К-15

До крајот на годината, фирмите во приватниот сектор треба на вработените да им исплатат регрес за годишен одмор или К-15 во вредност од околу 8 800 денари.  Според кривичниот законик, предвидена е казна од три месеци до три години затвор, за работодавецот што ќе побара од работникот да му ги врати парите.

За контрола на исплатата, до Нова година Државниот инспекторат за труд ќе контролира која фирма им исплатила К-15 на работниците.

"Чекаме да истече рокот за исплата на регрес за годишен одмор, а тоа е до крајот на годината. Потоа инспекторите ќе направат контрола, само што нема да можат да ги поминат сите фирма, па затоа, најверојатно, тоа ќе се контролира по претходна пријава на работниците, односно на синдикатот" – најави денес министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска.

Инаку, според измените на општиот колективен договор за приватниот сектор, дел од фирмите не мораат да исплатат К-15. Исплатата на регресот ќе зависи од финансиската состојба на фирмата и од умешноста на преговарање на синдикатот.

Копаниите што имаат економски тешкотии, кои имаат загуби, или пак, имаат блокирана сметка, во спогодба со синдикатот може да договорат на вработените да им исплатат помалку пари или воопшто да не им дадат К-15.

Слично

Поврзани вести