Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспектори го „чешлаат” досието на Карфур

Инспектори го „чешлаат” досието на Карфур

Откако милионскиот долг на „Карфур“ исплива на површина, а бизнисот предупреди на негативните ефекти, владата најави дека ќе се вклучи во решавање на проблемот.

Според проценките, “Карфур” им должи големи суми на доставувачите. Стопанската комора побара од Владата да го испита случајот. Повикани се и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, да го испитаат работењето на фирмата.

Управата за финансиска полиција  отвори предистражна постапка за случајот 'Карфур', но со оглед дека се изминати само неколку дена од почетокот, сe уште не излегуваат со конкретни сознанија дали има елементи за сторено кривично дело.

Според проценките "Карфур" кој беше присутен на македонскиот пазар четири години им должи големи суми пари на добавувачите.

Гоем дел од најпогодените од повлекувањето на Карфур, како што се добавувачите од прехрамбената индустрија, млекари, произведувачи на месо и сувомеснати производи веќе покренале судска постапка за да си ги наплатат побарувањата.

Останатите се во тек на прибирање документација за покренување на судски спор преку кој се надеваат дека ќе ги наплатат парите кои им ги должи „Карфур“.

Слично

Поврзани вести