Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекторатот предложил олеснување на протоколите за кафулињата и рестораните

Инспекторатот предложил олеснување на протоколите за кафулињата и рестораните

Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, денеска пред јавноста откри дека оваа слуќба до Комисијата за заразни болести и до Владата предложиле олеснување на прописите од протоколот за работа на угостителските објекти.

- Во изминатиот период во неколку наврати имавме состаноци да ги разјасниме протоколите онаму каде што можеме да се поправат. За таа цел испративме предлози за измени до Комисијата и до Владата, но повеќе не можеме да кажеме за тоа кои се тие предлози, рече Пауновски.

Во меѓувреме сопствениците на кафулињата и на рестораните реагираа дека имаат проблеми со прописите во однос на површината, односно капацитетот на работење и на идентификувањето на посетителите на локалите.

- Не сакаме повторно да прибегнуваме кон затворање на оние кои не ги почитуваат протоколите. Ова е оред се за заштита на организаторите на самото угостителство, а и за посетителите. Не се баук тие мерки да не можат да се применуваат, додаде Пауновски.

До сега во угостителството откако од четвртокот започна повторно со работа оваа дејност поднесени се 21 кривична пријава и пет се во фаза на постапка.

- Бидејќи вршевме контрола, дел кои отвориле летни тераси се и нерегистрирани. Прекршувања по тој основ се на 41 субјект со прекршочни пријави и платни налози, додаде првиот човек на ДПИ..



Слично

Поврзани вести