Инспекторатот потврди: Неправилности има, постапката за избор на професорите мора да се повтори!
Државниот просветен инспекторат ја поништи одлуката со која од работа беа избркани тројцата професори на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Со вонреден инспекциски надзор, Инспекторатот утврдил неправилности во делот на критериумите за избор на професорите во оваа високообразовна институција.
„Државниот просветен инспекторат донесе решение за повторување на постапката за избор во звања, која што треба да биде согласно Закон за високо образование, Статут и Правилник за работа на Универзитетот ,,Гоце Делчев” – Штип“, стои во соопштението од инспекцијата.
Тројцата доктори на науки, Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски, веќе петти ден штрајкуваат со глад, затоа што наместо да бидат унапредени во повисоки звања, како што предложи рецензентската комисија, тие не беа избрани ниту во актуелните звања доценти, со што автоматски ги загубија работните места без образложение.
Слично
