Инспекција во поплавениот рудник „Добрево“
Инспектори за рударство и за труд го проверуваат рудникот за олово и цинк „Добрево“ во Пробиштип и условите за работа во него, откако 15-тина дена јамите на рудникот се под вода.
Инспекторите констатирале дека нивото на водата е намалено за 60% во однос на претходните денови, но рудникот и натаму е поплавен и сеуште нема услови за рударите да се вратат на работа. Околу 500 рудари веќе 15 дена не одат на работа и не вршат експлоатација на руда.
Рудникот е во сопственост на фирмата „Индо-минерали и метали“, јкоја пред два дена мораше да набави пумпи за извлекување на водата од рудникот од општината Пробиштип и државата, бидејќи нивната пумпа два месеца била во дефект.
Од инспекторите фирмата доби наредба веднаш да набави пумпа, со цел да не се случуваат вакви поплави во јамите, кои можат да бидат опасни.
Слично
