Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНОВАТИВНИ ЕКОНОМИИ: Швајцарија на прво место, каде се рангираше Македонија?

ИНОВАТИВНИ ЕКОНОМИИ: Швајцарија на прво место, каде се рангираше Македонија?
ОН го објави извештајот за најиновативните економии во светот. Глобалниот иновативен индекс вклучува 128 земји, подредени според нивните можности за иновации и резултатите од нив. Најиновативната економија во светот за 2016 година е  онаа на Швајцарија. По неа следуваат Шведска, Велика Британија и САД. На петтото место е Финска, следуваат Сингапур, Ирска, Данска, Холандија и Германија. Топ 20 се дополнува со Република Кореја, Луксембург, Исланд, Хонг Конг, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Франција, Австралија и Австрија. Македонија се рангираше на 58-тото место во светот, зад Црна Гораи Грција од балканот. По нас се Виетнам,Ерменија, Мексико, Уругвај, Колумбија, а соседна Србија се нареди на 65-то место. Оваа година Кина се издигна повисоко во извештајот, заземајќи го 25-тото место на листата на ОН. Тоа е знак за засилената концентрација на Пекинг кон градење на конкурентна економија, како и на нови методи кои се користат во студијата. Кина е исклучително развиена кај компании кои се фокусирани на истражување и развој, извоз на висока технологија и иновативни производи. Погледнете ги топ 20 економии од извештајот на ОН: inovativ ekonomy
Слично

Поврзани вести