Иницирана нова средба Груевски-Заев?
Блиски извори до двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, потврдуваат за дел од медиумите дека постојано комуницираат со дипломатите кои треба да ги седнат на преговарачка маса .
После неуспехот во Брисел и недостатокот од било каква иницијатива за нова средба на четворката , се' поизвесно е лидерите на двете најголеми политички партии деновиве би можеле да седнат по седми пат на преговарачка маса.
На иницијатива на неколку амбасадори би требало да биде одржана нова средба под покровителство на ЕУ и на амбасадата на САД во Скопје, а тоа би било идната недела.
Досега се одржаа повеќе средби на Груевски и Заев на тема наоѓање начин за излез од кризата оја со месеци ја тресе земјава, но сите се завршени без договор.
Последната беше одржана во Брисел , со посредство ан еврокомесарот Јоханес Хан кој рекол дека нема да закажува нареден состанок се додека лидеите на најголемите партии не се договорат за можностите за излегување од кризата.
Деновиве доброупатени извори за „Фактор“ најавија дека во наредните неколку недели ќе се засили притисокот врз клучните политички субјекти .
Опозицискиот лидер вчера продолжи со објавување на таканаречените „бомби“ кои ги насочи кон коалициониот партнер во Владата на Груевски, ДУИ и вчера на прес конференцијата истакна дека има уште десет дена за преговори.
„Ќе биде добро да се договориме до 25, 26 јуни, кога се одржува состанокот на Советот на Европа. Вратите по последната средба во Брисел останаа отворени и иницијатива за нова средба може да дојде од секого. Во спротивно ние продолжуваме со нашите, според Уставот дозволени активности“, изјави Заев.
Дали двајцата опоненти ќе успеат да ги приближат ставивите барем малку и да изнајдат решение за моменталната криза во земјава останува да чекаме после идната средба.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/15/ekskluzivno-viktorija-nuland-se-vkluchuva-vo-reshavane-na-politichkata-kriza-vo-makedonija/" target="blank" ] ЕКСКЛУЗИВНО: Викторија Нуланд се вклучува во решавање на политичката криза во Македонија![/button]
