Иницијативата на АМАН поддржана со 8.600 потписи
Промената на законот за енергетика е поддржана со 8.600 потписи од граѓаните на Македонија, иницијатива на граѓанското здружение АМАН.
- Очекуваме до крајот на годинава да собереме 10.000 потписи и веднаш по празниците да ги доставиме до Собранието за да може тоа да расправа за промените на Законот за енергетика кои ги предлагаме. Постапката сакаме да заврши пред изборите–изјави за Плусинфо Џелал Хоџиќ, активист на АМАН.
По доставата на 10.000 потписи според законот Собранието е должно во рок од 30 дена да ги стави на дневен ред предложените измени на Законот за енергетика.
- Сублимирано, предлагаме воведување на три часа дневна евтина струја. Оставем да се избере терминот меѓу 12 и 18 часот. Наш предлот покрај другото е и законски да се регулира плаќањето на парното греење, односно бараме граѓаните кои се откажале од парно да не плаќаат никаков надоместок. Има и други измени, но овие се најбитните – појаснува Хоџиќ.
Слично
