Иницијатива за излегување на Грција од ЕУ
Новата иницијатива ја повикува земјата исто така да излезе од ЕУ.
Грција тргна по стапките на Велика Британија, која се изјасни дека не сака да остане во ЕУ. Оваа нова иницијатива е наречена Грекзит, објавија медиумите во земјата. Идејата е на организацијата со „лева ориентираност", која тврди дека одделувањето од унијата ќе биде од корист за поголемиот дел од вработените, за поголемиот дел од младите луѓе и за поголемиот дел од пензионерите. Оттаму потсетуваат уште дека во јуни 2015 година грчката влада одржа референдум дали да ги прифати условите од спасувачкиот план од ЕУ. Со над 61% грчките избирачи го отфрлија предложениот договор. Сепак спасоносниот план на крајот беше усвоен од Владата, која пристапи кон кревање на даноците и голем број на ограничувања за Грците. Стоките и услугите нагло поскапеа. Потоа, следеше масовно незадоволство и протести во Грција.
