Иницијативата за зголемување на минималната плата доставена до пратениците
Ги охрабруваме и пратениците, предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија доставен од страна на ССМ, согласно своите надлежности да го поддржат и предложат и тие“, се вели во соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија.
Истовремено, Сојузот на синдикатите на Македонија како член на Економско – социјалниот Совет достави барање за свикување на седница на Економско – социјалниот Совет во најкус можен рок на која ќе се дискутира и разгледа иницијатива на ССМ за предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата како посебна точка на дневниот ред.
„ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за октомври 2021 година изнесува 34.893,00 денари, или истата само во 2021 година е зголемена за повеќе од 1.300,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 тогаш одприлика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот.
Уште повеќе ако знаеме дека одлуката за замрзнување на цените на одредени производи завршува заклучно со 31.01.2022 година, како и очекуваното зголемување на цената на електричната енергија за најмалку 10% што исто така ќе придонесе до зголемување на Синдикалната минимална кошница и зголемување на цените, а овие трошоци ќе се плаќаат во месец февруари 2022 година, неопходно е работниците да добијат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата согласно Закон и колективен договор“, реагира ССМ.
