Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иницијатива за прогласување на Вања Лазарова за национален уметник

Иницијатива за прогласување на Вања Лазарова за национален уметник
Група граѓани покренаа иницијатива за поддршка на македонската музичка легенда Вања Лазарова да добие статус на национален уметник и државна пензија. Лазарова тоа и самата го побарала, но барањето и било одбиено. Иницијативата засега се одвива главно преку социјалните мрежи, но музичарот Златко Ориѓански напиша и писмо до премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Тој отворено ги прашува зошто барањето на Лазарова за статус на национален уметник е одбиено. „Со Вас почитуван премиере се запознавме еднаш, сосем кусо при снимањето на рекламата „Маde in Macedonia“, од М.Манчевски, со моја музика а со гласот од Вања како заштитен знак. Претпоставувам дека таа средба воопшто не ја паметите, но, во паузата од снимањето Ве потсетувам дека бевте воодушевен. Тогаш бевте министер во Владата на Георгиевски. Дали паметите дека Вања, нашата тетка Вања пееше во филмот „Пред дождот“? Оној филм кој на Македонија и донесе Златен Лав во Венеција, оној филм кој освои повеке од 100 награди од Шпанија, преку Италија до Бразил и Аргентина.Тоа е филмот кој стаса до Оскар,тоа е филмот кој влезе во 100 – те најзначајни филмови на Светската кинематографија“, пишува Ориѓански. „Зарем е можно Македонија да нема 10.000 денари кои би се додале на нејзината пензија,за достоинствено во старски дом, да си замине од овој свет кога ќе и дојде време? Зарем не чувствувате дека треба да и се оддолжиме сите ние, сега, кога тоа не го направи Македонија кога можеше и кога требаше? На крајот, дали воопшто е потребно некој како Вања,да поднесува барање,да се занимава со административни глупости и самиот да се предлага за награда?“, прашува Ориѓански. Инаку, МРТ вчера објави дека Владо Јаневски и Есма Реџепова добија по 4.500 евра државни субвенции, како дел од програмата на Владата за поддршка на музичките работници и создавање музика која ќе остане како културно наследство. Годишно државата има намера да финансира по 200 музички композиции од домашни автори и изведувачи.
Слично

Поврзани вести