Иницијална понуда на акции од сопствениците на платформата „Глеј“, се продаваат за околу 2 милиони евра
Компанијата „Свод Мастер“, која управува со стриминг платформата „Глеј“ иницира јавна понуда на акција преку која ќе се обиде да собере 120 милиони денари (1,95 милиони евра)., објавено е претходно на „Македонска берза“.
Бројот на акциите што се запишуваат е 200.000, а продажната цена на една акција е 600 денари. Иницијален датум на запишување е 25.06.2025 година, а последен датум за запишување е 25.08.2025 година.
„Јавната понуда ќе биде преку модел на минимална цена со примена на принципот на приоритет на налози со повисока цена и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот“, објави „Македонска берза“.
Комисијата за хартии од вредност неодамна соопшти дека одобрила компанијата да издаде втора емисија на хартии од вредност по пат на јавна понуда, а заради зголемување на основната главнина.
