Економија, финансии, бизнис

Контакт

Информирајте се за работниот стаж денеска на плоштад Македонија

Информирајте се за работниот стаж денеска на плоштад Македонија

Денеска започна  новиот циклус активности, дел проектот „Ден за вас“, во чии рамки граѓаните ќе можат да добијат одговори на сите прашања поврзани со правата на пензиско-инвалидско осигурување и да  ги проверат податоците за остварениот работен стаж.

- Денеска го означуваме почетокот на проектот „Ден за Вас“ кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија и е во насока на подигнување на степенот на информираност на граѓаните за периодот на нивното осигурување, стажот и сите отворени прашања што ги имаат од областа на пензиското и инвалидското осигурување, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на пунктот поставен на плоштадот Македонија.

 Овој проект е предвидено да продолжи да се реализира и во останатите градови низ земјава.

- Целта е на еден непосреден начин граѓаните на јавни места, најчесто на плоштадите, да можат да добијат одговори на своите прашања и да ја доближиме администрацијата што е можно поблиску до нив, додава минстерот за труд и социјална политика.

Слично

Поврзани вести