ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ: Како и кој треба да ги плаќа надоместоците за придонеси?
Изминатиов период јавноста со особено внимание го следи развојот на настаните во врска со новите закони кои го тангирааат работењето на хонорарците, но и на вработените кои извршуваат хонорорарни услуги.
Кој треба да ги врши уплатите, известувањата до Фондот за ПИОМ и УЈП? Колкава е основицата за уплаќање? Што кога станува збор за договори на странски лица, за уплати од странство, донации?
Одговорите опширно ги има во Елаборацијата на Нова Консалтинг и едукација, а подолу ќе одоговориме на неколку главни прашања.
Треба да се истакне дека со првите измени од јули 2014 не беше прецизирана основица за пресметка и уплата.
Со измените од февруари 2015 утврдени се следните основици по категории:
Категорија 1 - износот на разликата меѓу нето надоместокот и просечната нето плата за претходната година објавена од Државен завод за статистика, зголемен за придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонесот за задолжително здравствено осигурување и персонален данок на доход од договорот за дело, авторскиот договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршена работа,
Категорија 2 - бруто надоместокот од договор за дело, авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршена работа за лицата за кои обврзник за пресметка и уплата на придонесите е правното лице-исплатувач.
Категорија 3 - износот на разликата меѓу нето надоместокот и минималната нето плата за претходната година објавена од Државен завод за статистика, зголемен за придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонесот за задолжително здравствено осигурување и персонален данок на доход од договорот за дело, авторскиот договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршена работа.
Инаку, предвидена е и казна од 2.000 – 3.000 ЕУР за правни лица и 500 -1.00 ЕУР за физички лица, доколку навреме не го пријават износот на надоместокот.
Глоба од 500 до 1.000 евра физичкото лице кое обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку во пропишаниот рок не го пријави износот на примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за пресметка на придонесите-правно лице доколку во пропишаниот рок не го достави извештајот до Управата за јавни приходи.
Постојат уште многу прашања кои во детали се одговорени во најновата ЕЛАБОРАЦИЈА на друштвото НОВАКОНСАЛТИНГ И ЕДУКАЦИЈА.
Слично
