Економија, финансии, бизнис

Контакт

Информативна акција за невработените на Центар

Информативна акција за невработените на Центар

Информативна средба за невработените жители на Општина Центар организира Центарот за вработување на Град Скопје во соработка со Општината.

Средбата ќе се оддржи во понеделник со почеток во 17 часот, во просториите на Општина Центар, на  истата ќе бидат поканети и работодавачи, фирми кои сакаат да се вклучат во активните мерки за вработување и ублажување на невработеноста.
Ќе се презентираат можностите за добивање на парични средства-субвенции за невработените и обуки потребни за отпочнување со некоја економска активност како и други мерки наменети за подршка на вработувањето. Исто така, на средбата ќе се дадат одговори на сите прашања поставени до службениците од Центарот за вработување на Град Скопје.
Слично

Поврзани вести