Економија, финансии, бизнис

Контакт

Информатичките технологии слабо се користат во македонскиот бизнис

Информатичките технологии слабо се користат во македонскиот бизнис
Само мал број компании во Македонија својот развој го засноваат на иновации, а дури 70% од компаниите воопшто не применуваат нова и висока технологија. Овие податоци беа истакнати на конференцијата „Европски ден на претприемништвото и отворените денови на МАСИТ“, што се одржа во Скопје во организација на Европската бизнис асоцијација и Македонската стопанска комора за информатичка технологија. „Во глобалниот извештај на Светскиот економски форум за годинава Македонија е рангирана на 57 место и бележи подобрување за десет позиции. Од аспект на информатичките и комуникациските технологии има голем број индикатори во кои имаме добри страни, но треба да се продолжи да се работи на ова поле со цел да се подобрат слабите индикатори, како што е користењето на ИКТ во приватниот сектор“, вели министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. И тој признава дека слабост на Македонија е користењето на новите технологии во компаниите на кои информатичките технологии не им се основен бизнис, но и патентирањето на производите. Ниско сме рангирани и за вложување на компаниите во обуки на вработените.
Слично

Поврзани вести