Информатичарите лесно доаѓаат до работа дури и во Македонија
Кои се можностите за вработување на студентите по информатика и од другите технички факултети? Ова им беше презентирано на 10-от по ред саем за вработување и кариера „Job Fair 2014“, што денеска го отвори министерот за образование Спиро Ристовски.
Осумнаесет компании од ИТ секторот уште на саемот понудија вработување и работа за студентите.
„Дефакто показателите и инвестициите говорат дека техничките струки се оние што имаат во оваа фаза и во овој период многу поголема достапност на работните места на пазарот на труд“, вели Ристовски.
Тој апелираше и до средношколците кои се одлучуваат што да студираат да изберат информатички науки, бидејќи се покажало дека за информатичари има огромна потреба на пазарот на труд.
„Секоја компанија која што се претставува на саемот нуди различни можности, некои нудат пракса некои работа“, вели Весна Марковска од студентската организација БЕСТ - Скопје.
Оваа година за првпат на саемот учествуваат и странски компании кои меѓу студентите бараат идни вработени.
Слично
