Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфлацијата во Русија достигна 10,4 одсто!

Инфлацијата во Русија достигна 10,4 одсто!

Инфлацијата во Русија во неделата од 16 до 22 декември 2014 година, изнесуваше рекордни 0,9 одсто а од почетокот на годината цените пораснале на 10,4 одсто, соопшти руската агенција за статистика Рос стат.

Од почетокот на декември растот на потрошувачките цени бил 1,7 одсто.

На тој начин, земајќи ги предвид релевантните податоци од минатата година, инфлацијата на годишно ниво достигнала 10,5 одсто, со што ја надминала и најконзервативната проценка од 10,1 одсто, која ја дала Централната банка.

Минситерството за економски развој очекувало во декември  меѓугодишната инфлација да достигне девет одсто, а министерството за финансии 9,7 одсто.

За споредба, во декември минатата година, месечната инфлација била 0,5 одсто, а од почетокот на годинава 6,5 отсто.

„Лидерите“ во поглед на растот во изминатата седница биле зелката која поскапела на 11 одсто, доматите (7,8), шеќер (7,5), и краставички (7,4 одсто).

Покрај тоа, според податоците на Рос стат,   оризот, хељда и јајцата поскапеле од 3,0 до 3,5 одсто, говедското, месните конзерви, замрзната риба, масло, маргарин, брашно, сирење, тестенини и чај од 1,3 до 2,0 одсто.

Зголемувањето на цените на овошјето и зеленчукот во просек било 5,2 одсто. Цените на бензините паднале за 0,5 одсто, а дизелот е без промени.

Слично

Поврзани вести