Инфлацијата зема замав во Црна Гора и Хрватска
Инфлација има и во земјите од регионот.
Годишната инфлација достигна 11,7 отсто во Црна Гора. Ова го покажуваат новите прелиминарни податоци на Заводот за статистика – Монстат. Инфлацијата има нова рекордна вредност уште од периодот пред кризата во 2008 година.
Рекордна инфлација има и во Хрватска, цените на храната скокнаа за повеќе од 15 отсто во рок од една година.
Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка во Хрватска во мај годинава се зголемиле за 10,8 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, соопшти денеска хрватскиот Државен завод за статистика, пренесува Индекс.хр
Во мај инфлацијата продолжила да се забрзува, а највисока годишна стапка на инфлација во Хрватска досега била забележана минатиот месец, од 9,4 отсто.
foto freepik.com
