Инфлацијата во Турција урива рекорди
Турција има рекордно висока инфлација.
Таа вчера достигна 61,14 отсто, што е најмногу во последните 2 децении, објави Турскиот институт за статистика. Цените во земјата пораснале за 5,46 отсто во март годинава, во споредба со февруари. Цените најмногу се зголемиле во сообраќајот, за 99,12 отсто, и кај храната, 70,33 отсто. Ова е последица на економската криза која се влоши поради пандемијата. Поради војната во Украина, се зголеми и цената на енергенсите и на житните култури. Инфлацијата во Турција во јануари беше 48,69 отсто. Лирата тогаш нагло ја изгуби вредноста.
foto freepik.com
Слично
