ИНФЛАЦИЈАТА ВО СРБИЈА ВО ЈУНИ 11,9 ПРОЦЕНТИ, поскапеле транспортот, храната, пијалоците
Инфлацијата во Србија, мерена преку растот на потрошувачките цени, во јуни 2022 година е зголемена за 1,6 отсто во однос на мај, додека на годишно ниво достигна 11,9 отсто, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.
Минатиот месец, во однос на декември 2021 година, потрошувачките цени се зголемени во просек за 7,3 отсто.
На месечно ниво, најмногу поскапеле превозот за 2,7 отсто, храната и безалкохолните пијалоци и рекреацијата и културата за 2,3 отсто, потоа рестораните и хотелите за 1,4 отсто, облеката и обувките за 1,2 отсто. и опрема за стан и тековно одржување за 1,1 отсто.
Цените на останатите производи и услуги не бележат значителна промена.
Сепак, во мај инфлацијата во 12 земји на ЕУ беше повисока отколку во Србија
Во мај инфлацијата е повисока кај 12 членки на ЕУ и тоа во Холандија 10,2 отсто, Грција 10,5 проценти, Хрватска 10,7 отсто, Унгарија 10,8 проценти, Словачка 11,8 отсто, Романија 12,4 проценти, Полска 12,8 отсто, Бугарија 13,4 проценти, Чешка 15,2 отсто, Летонија 16,8 проценти, Литванија 18,5 отсто и Естонија 20,1 проценти.
Поради високиот раст, економистите за Фактор посочуваат оти инфлацијата во земјава забрзува и дека се неопходни мерки за сузбивање на поскапувањата.
