Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНФЛАЦИЈАТА ВО СЕПТЕМВРИ ДОСТИГНА 4 ОТСТО - на месечна основа е намалена, но годишната споредба покажува раст на трошоците

ИНФЛАЦИЈАТА ВО СЕПТЕМВРИ ДОСТИГНА 4 ОТСТО - на месечна основа е намалена, но годишната споредба покажува раст на трошоците

Стапката на инфлација изразена во индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4 проценти, додека пак Индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 отсто, соопштија од Државниот завод за статистика. 

Од оваа институција фокусот сепак го ставаат на инфлацијата на месечна основа. Па така индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0,2 отсто.

- Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3,3 проценти, Ресторани и хотели за 1,3 отсто, Рекреација и култура за 0,7 проценти, Облека и обувки за 0,3 отсто, Разновидни стоки и услуги за 0,2 проценти и Храна и безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто. 

Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2,8 отсто, Комуникации за 1,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,8 отсто, Здравје за 0,4 проценти и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,.3 отсто - се посочува во нивната објава. 

Бројките кои ги сподели ДЗС откриваат дека на годишна основа најголемо поскапување има кај групата алкохолни пијалоци, каде трошоците се зголемени за 9 проценти, па следуваат Рекреација и култура каде растот е 7 проценти. Трошоците се зголемиле за 5,7 отсто во категоријата Транспорт, а исто така пет проценти се зголемиле и во категорија Мебел, покуќнина и одржување на домаќинства. 

Еве ги деталите: 


 

Слично

Поврзани вести