Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфлацијата во Иран влегува во многу критична фаза

Инфлацијата во Иран влегува во многу критична фаза

Инфлацијата во Иран во дванаесетмесечниот период што заврши во јуни изнесуваше 62 проценти.

Ова претставува зголемување од 4,3 процентни поени во споредба со претходниот месец, според извештајот објавен од Статистичкиот центар на Иран во саботата.

На месечна основа, индексот на потрошувачки цени (CPI) се зголеми за 5,9 oтсто во извештајниот месец, првенствено поради скокот од 6,8 отсто на цените на храната, пијалоците и тутунските производи, објавува Баха.

Во споредба со јуни минатата година, стапката на инфлација се зголеми за 88,6 отсто, приближувајќи се кон критичниот праг од 90 отсто, што укажува на можност за влегување во хиперинфлација и поширока економска нестабилност.

foto Wikipedia/Fars Media Corporation

Слично

Поврзани вести