ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОПА И ВО СВЕТОТ ГИ УРИВА СИТЕ РЕКОРДИ: Во Британија над 6 отсто
Инфлацијата во Британија бележи годишен максимум од 6,2
отсто, покажуваат денешната официјална статистика.
Инфлацијата на потрошувачките цени далеку ги надмина очекувањата на економистите, кои во анкетата на Ројтерс предвидоа просечна инфлација на годишно ниво од 5,9 отсто во февруари.
Според американската агенција Блумберг, инфлацијата во Британија достигнала 30-годишен рекорд, односно цените скокнале за 6,2 отсто, што дополнително го зголемило притисокот врз државата да ги заштити потрошувачите од падот на животниот стандард.
Британскиот Завод за национална статистика објави дека сметките за струја се зголемени за 25 отсто во однос од пред една година, а со цената на бензините се главните двигатели на скокот на цените во февруари, пренесува Индипендент.
Се посочува дека храната поскапела во сите сегменти, за разлика од „нормалните времиња“ кога едната цена паѓа, а другата расте.
Централната банка сугерираше дека растот на цените би можел повторно да го достигне врвот во октомври, кога ќе се воведе ново ограничување на цената на енергијата.
