Инфлацијата ќе удри и по џебот на Французите
Расте инфлацијата и во Франција, како и во многу други држави во светот.
Производствените цени се зголемија со стапка од 2,6 отсто. Иако поскапувањето на енергенсите беше умерено во април, годишниот раст беше 26,5 отсто. На месечно ниво, потрошувачките цени се зголемија за 0,4 отсто по растот од 1,4 отсто во март.
Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 4,8 отсто на годишно ниво во април. Рекордно зголемување на инфлацијата е резултат на забрзувањето на трошоците за услуги за 3 отсто и порастот на инфлацијата на храната на 3,8 отсто.
САД, Германија и мног други земји се соочуваат со висока инфлација каква немале со децении. И војната во Украина води кон криза во светот.
Слично
