Инфлацијата им ја намали куповната моќ, турските здравствени работници бараат повисоки плати
Зравствените работници во турските градови Истанбул и Анкара денеска штрајкуваа поради ниските плати.
Тие бараат повисоки плати, подобри услови за работа, пократки смени, воведување мерки за заштита од зголемениот број вербални и физички напади, како и означување на заразата со коронавирус за опасност на работа.
Опозицијата тврди дека околу 3.000 лекари ја напуштиле Турција во последните две години.
фото МИА
Слично
