Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНФЛАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Што се случува со цените на храната?

ИНФЛАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Што се случува со цените на храната?

Инфлацијата во Германија ослабела на почетокот на годината. Има поблаго зголемување на цените на храната. Најмногу во почетокот на 2025 година поскапеле услугите, за 4 проценти, отприлика како и во декември. Енергијата пак, и во јануари поевтинула за 1,6 проценти.

Во јануари цените биле повисоки за 2,3 проценти во однос на истиот месец од минатата година, пресметал Дестатис. Во декември цените се зголемиле за 2,6 проценти.

Германија втора година по ред е во рецесија. 

Германската економија се намали повеќе од очекуваното во четвртиот квартал од 2024 година. Бруто домашниот производ се намали за 0,2 отсто во споредба со претходниот квартал, според првичната проценка на Федералниот завод за статистика. 

Слично

Поврзани вести