Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Две земји се на тапет

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ: Две земји се на тапет

Расте инфлацијата во Европската Унија. 

Бирото за статистика вели дека највисоките годишни стапки се забележани во Естонија (4,5 отсто) и Романија (4,2 отсто). Стапката на инфлација минатиот месец, пораснала во 14 земји членки, а опаднала во осум во споредба со септември.

Малопродажните цени имаат годишен пораст од 2,2 отсто во октомври, објави Европското биро за статистика. Евростат покажува дека годишната инфлација во земјите членки пораснала 0,1 отсто во споредба со претходниот месец кога забележала скок од 2,1 отсто.

Официјалните податоци покажуваат дека годишната инфлација во ЕУ лани изнесувала 1,7.

„Најниски стапки на инфлација се забележани во Данска (0,7 отсто), Португалија (0,8 отсто) и Ирска (1,1 отсто)“, велат од Евростат.

Во последните десет години највисока стапка на инфлација во ЕУ е забележана во јули 2008 (4,4 отсто), а најниска во јануари 2015 (-0,5 отсто) кога всушност цените паѓаа.

Слично

Поврзани вести