Инфлација во Босна: Дали ќебапите ќе се продаваат на парче?
Инфлацијата во Босна и Херцеговина(БиХ) се зголемува. Според најновите податоци од Статистичката агенција на БиХ (BHAS), годишната инфлација скокна од 3,7 отсто на 4,6 отсто во јуни, што е највисоко ниво од август минатата година.
Најголемото влијание врз инфлацијата е од храната и безалкохолните пијалоци, кои во просек се зголемија за дури 10,8 отсто во споредба со истиот период минатата година. Со други зборови: ќебапите повеќе не се само национална гордост - тие станаа и луксуз.
Неофицијално, се шпекулира дека некои сопственици на ќебапчилници веќе почнале да размислуваат за „инфлационо мени“ - варијанта каде што добивате пет ќебапи, а плаќате за десет.
„Сега треба да избереме - или да ја намалиме порцијата или да ја зголемиме цената. И никој не сака да јаде седум ќебапи, тоа е како да пиете пиво без пријатели“, вели газда на ќебапчилница во Сараево.
Дополнителен притисок доаѓа од угостителскиот сектор. Услугите во рестораните и хотелите се зголемија за 7,2 отсто.
Foto:Shutterstock.com
