Инфлација од 48,69 отсто - ова е сериозен проблем за Турција
Инфлацијата во Турција неодамна беше на највисоко ниво во последните две децении, односно во јануари беше 48,69 отсто.
Од 2002 година наваму во Турција немало повисока инфлација. Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) соопшти дека инфлацијата во јануари е зголемена за 11,1 отсто во споредба со претходниот месец, пренесе ДПА. Производните цени, значително се зголемени, при што годишната инфлација минатиот месец изнесуваше 93,53 отсто, објави Турк Стат. Инаку, турската лира се соочи со невиден пад на вредноста.
Слично
