Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју ОСМАН КАДРИУ: Ваков десеткуван парламент не може да функционира долго!

Интервју ОСМАН КАДРИУ: Ваков десеткуван парламент не може да функционира долго!
Дали политичката криза може да се надмине со формирање техничка Влада, кој ќе биде одговорен за суспендирањето на парламентарната демократија, како и за самоблокадата на евроатланскиот пат? Идентични оценки од интервјуираните професори по Уставно право и Политички ситем – Светомир Шкариќ, Гордана Силјановска, Осман Кадриу и Тања Каракамишева.  Тие имаат и различни сугестии за надминување на постизборната криза. Денешната мини серија на Фактор - разговори стартува со ставовите на проф. Осман Кадриу - “Законодавниот дом вака десеткуван неможе да функционира долг период. Сите, акти, закони и одлуки што ќе бидат донесени без опозција ќе бидат оспорувани од политичка гледна точка.” Фактор:  Колку Собранието ефективно може да функционира по депонираните оставки на опозцијата? Кадриу: Собранието може  од правна  и уставна гледна точка да функционира, затоа што има мнозинство, има кворум, има не само квалификувано туку и двотретинско мнозинство. Значи може да ги изгласа сите видови на закони и правни акти, вклучувајќи го и тие што зависат од Бадентеровото мнозинство. Но од политичко-критичка гледна  точка сметам дека дејствувањето на Собранието без  опозиција е штетно. Законодавниот дом вака десеткуван неможе долг период да функционира. Сите, акти, закони и одлуки што ќе бидат донесени без опозиција ќе бидат оспорувани од политичка гледна точка. Македонија влегува во фаза првично на парламентарна, а потоа и на политичка криза. Актуелната  ситуција може да биде надмината ако наскоро се изнајде начин за отворање на политички и толерантен дијалог  власт-опозиција. Покрај ова и Парламентот е надлежен да најде начин како да се излезе од оваа неизвесност со латентна општествена конфликтност.  Најдобро и најсреќно решение би било низ политички дијалог да се надминат проблемите и да се изнајде соодветно решение за надминување на кризта во која Македонија западна по изборите. Фактор: Кои се можните сценарија за излез?  Кадриу: Ако опозицијата опстои на ставот дека не се враќаат во парламентарни клупи, тогаш на Собранието му останува или да продолжи со овој состав без опозицијата, со сиот ризик за евентуални политички последици врз државата или да се размисли за формирање техничка  Влада, што би организирала нови парламентарани избори. Таквиот Кабинет, со привремена парламентарна подршка сепак ќе мора да  посвети внимание не само за спроведувањето на евентуални избори, туку и на имплементирање на сугестиите и задачите од меѓународна заедница. Таа упатува сериозни критики за неспроведување на некои домашни задачи – од елиминирање на слабостите во изборната процедура, па се до организирање Попис. Значи не е веќе само проблемот со името, туку остануват уште  неколку приоритети – независно судство ослободено од корпупција, состојбите со медиумите и слободата на изразување. Фактор: Апелот на меѓународните фактори е власта и опозцијата што поскоро да отпочнат политички дијалог. Но што доколку овие сугестии  останат игнорирани од лидерите на двете најголеми македонски партии, Груевски и Заев? Кадриу: Засега нема индиции дека  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ  би почнале некаков директен дијалог. Останува Парламентот да продолжи да работи, затоа што од правна гледна точка Собранието е легитимно. Но политичките импликиации ќе бидат евиденти, ке се создаде амбиент на пермамнентно исчекување и нова фаза на стагнација во преговрите со ЕУ и евентуалното членство во НАТО. Фактор: Како ваквата ситуација ќе се одрази врз евроатланските аспирации на земјата? Кадриу: Нема сомневање дека внатрешна политичка нестабилноста ќе се одрази врз  нашите приоритети - зачленување во НАТО и ЕУ. И досега имаше негативни оценки и размислувања, од релевантните европски институции што будно ја следат состојбата во Македонија, дека проблемите во земјава се сериозни. Горазд Чомовски ИНТЕРВЈУА: Светомир Шкариќ – “Веднаш и неодложни избори, но за пополнување на овој Парламент. Не е решение техничка Влада”. Гордана Силјановска: Политички осакатеното Собрание ќе се накалеми врз проблемот со името! Тања Каракамишева-Јовановска: СДСМ политиката ја сфаќа како детска игра!
Слично

Поврзани вести