Индустриското производство зголемено за 9,1%, најмногу заради преработувачката индустрија!
Раст на индустриското производство од 9,1% во септември, во споредба со истиот месец лани, регистрираше Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, раст има во секторите Рударство и вадење камен за 7,7 проценти, Преработувачката индустрија за 12,9 проценти, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 15,9 проценти.
По главни индустриски групи, пак, зголемување има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 проценти, Капитални производи за 64,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,3 проценти. Опаѓање се бележи кај Енергија за 11,1 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти.
Во периодот од јануари до септември индустриското производство во Македонија бележи раст од 4,8% во однос на истиот период лани.
Слично
