Индустриското производство во ноември забележа раст од 5,8 отсто на годишно ниво
Индустриското производство продолжи да го следи трендот на континуиран раст и веќе петнаесет месеци по ред е во позитива.
Податоците на Државниот завод за статистика најголем скок покажуваат во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од речиси 28 %, додека пак раст од околу 3.5 % има кај преработувачката индустрија и 3 % во секторот Рударство и вадење на камен.
Според главните индустриски групи, производството во ноември бележи пораст кај Енергија за 17,4 отсто , Интермедијарни производи, освен енергија за 7,9 отсто, Капитални производи за 78,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9 отсто.
Стопанствениците со претпазливост го следат континуираниот раст на индустриското производство и велат дека е потребна внимателно да се следи ситуацијата со оглед на тоа што кризата на одредени пазари се уште се продлабочува.
Кумулативно од почетокот на годината индексот на индустриското производство бележи раст од 5,2 отсто во во однос на периодот јануари - ноември 2013 година.
Слично
