Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустриското производство во ноември поголемо од октомври

Индустриското производство во ноември поголемо од октомври
Индустриското производство регистрираше пад од  6,5 отсто во периодот од јануари до ноември годинава споредено со истиот период од мината година. Пад има и на месечно ниво, односно во ноември годинава споредено со ноември 2011 година индустријата бележи пад од 4,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Позитивен сигнал е дека индустриското производство во неомври годинава во однос на октомври има раст од 5,3 отсто.  Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи пораст од 0.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17.8%.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 20.7%, Капитални производи за 13.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8%, додека бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.9%.
Слично

Поврзани вести