Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустриското производство во јуни скокна за 1,9 отсто

Индустриското производство во јуни скокна за 1,9 отсто
Cкок од 1,9 отсто, во однос на лани, забележа индустриското производство во јуни оваа година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 6,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележа опаѓање од 2,7 отсто. Според главните индустриски групи, производството во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,3 отсто, Капитални производи за 10 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,1 отсто. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни оваа година , во однос на периодот јануари - јуни лани, изнесува 101.8.
Слично

Поврзани вести