Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустриското производство во април бележи раст

Индустриското производство во април бележи раст

Раст на индустриското производство имало во април 2016 година, во споредба со април 2015 година за 3,6 %, стои во извештај  на Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи опаѓање од 10.2%, во секторот преработувачка индустрија е евидентиран пораст од 9.4%. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 29.5%.
Производството во април годинава според главните индустриски групи, во однос на април 2015 година, бележи пораст кај капитални производи за 36.5% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1%.
Слично

Поврзани вести