Индустриското производство бележи раст во март
Индустриското производство во март годинава бележи пораст од 7,5 отсто, во однос на месец март од минатата 2018 година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем пораст на индустриско производство за третиот месец од годинава е во секторот Рударство и вадење камен кој бележи пораст од 10,8 отсто. Преработуваката индустрија пак бележи пораст од 8,8 %, според статистика оваа се должи на зголеменото производство на пијалаци, тектилни производи, фармацевски производи, производи од гума, производи од пластични маси и други производи.
Производството во март бележи пораст кај производите кои не се готови во целост туку подлежат на дообработка, во однос на истиот месец од минатата година, исто така и кај Капиталните производи. Дека кај производи за Енегија според државниот завод за статистика има опаѓање на производството за 0,8 отсто,а кај Трајни производи за широка потрошувачка се намалило производството за 11,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка статистика бележи опаѓање за 1,2 %.
Слично
