Индустриските зони ќе штедат електрична енергија
Дирекцијата на ТИРЗ информира дека е редуцирано уличното осветлување во делови од индустриските зони низ државата, додека целосно се исклучени и надворешните светлечки табли во самата управна зграда.
Ваквиот потег следува како придонес во надминувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор.
Одлуката е донесена во соработка и консултација со компаниите во зоните и се применува во одредени делови за кои се смета дека осветлувањето не е неопходно и нема да го наруши нивното функционирање.
Оваа мерка ќе се спроведува за време на триесетдневната кризна состојба прогласена од Владата.
– Дирекцијата на ТИРЗ, како општествено одговорна институција, сака да ги да ги поттикне и останатите институции во земјата да го следат ваквиот конкретен пример на солидарност во справувањето со енергетската криза, објави ТИРЗ.
Дирекцијата ги повика и самите компании да се приклучат кон оваа иницијатива.
