Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустриската побарувачка расте, а среброто има нова рекордна цена

Индустриската побарувачка расте, а среброто има нова рекордна цена

Цената на среброто надмина 100 долари за унца. 

Брзото зголемување е резултат на постојаните приливи на капитал во безбедните засолништа и силната индустриска побарувачка, што го намали соодносот злато-сребро на нешто над 50 – најниско ниво од 2011 година. 

Индустриската побарувачка – особено од секторите за соларна енергија, електрификација и мрежна инфраструктура – изврши притисок врз физичкиот пазар во време кога растот на понудата од рудниците е ограничен. Бидејќи поголемиот дел од среброто се добива како нуспроизвод од рударството на други метали, секторот не може брзо да одговори и цените растат.

Цената на среброто лани се зголеми за речиси 150 проценти и за уште 40 проценти од почетокот на оваа година, значително надминувајќи го растот на златото.

Јужна Америка произведува повеќе од половина од среброто во светот.

Мексико е држава која обезбедува 25 отсто од светската понуда на сребро, но бележи двоцифрено намалување на производството во последниве години.

Перу, Боливија и Чиле, заедно снабдуваат речиси една третина од среброто во светот, се соочуваат со опаѓање на квалитетот на рудата. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести