Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустријата расте, Владата очекува поголем раст догодина

Индустријата расте, Владата очекува поголем раст догодина

За 2,6 % пораснало индустриското произвдство во перидот од јанури до ноември годинава споредено со истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. На месечно ниво односно во ноeмври годинава споредено со ноември лани, растот на индустријата е за 3,1%.

Гледано по сектори, индустриското производство бележи раст од 6,3 % кај трајни производи за широка потрошувачка што учествуваат со 2,4 % во вкупното индустриско производство, потоа раст од  5,8% има кај  капитални производи што учествуваат со 7,5% во вкупната индустрија, забележан е раст од 5,5% кај нетрајни производи за широка потрошувачка што учествуваат со 40,8% во вкупното индустриско произвдоство, а раст од 4,1% има кај рударство и вадење камен што учествува со 11,8% во вкупната индустрија.

Преработувачката индустрија која во вкупнатата структура на индустриското произвдство учествува со 75,5% забележала скоромен раст од 1,9%.

„При тоа најголем раст од секторите во преработувачката индустрија има во производството на текстил што учествува со 1% во вкупната индустрија, а поголем раст е регистиран и кај прозивдоството на облека што учествува со 10% во вкупната индустрија. Од секторите во преработувачката иднустрија, раст бележи производството на мебел што учествува со 1,5% во вкупната индустрија и поправката и инсталирање на машини и опрема што учествува со 0,2% во вкупното индустриско произвдоство“

Ставрески очекува поголем раст во 2014 година Министерот за финансии,Зоран Ставрески очекува дека следната година растот на економијата ќе биде со позасилено темпо, оценувајчи дека растот на индустриското производство ќе помогне да се оствари вкупниот раст на БДП што е проектиран на околу 3 до 3,5 проценти.  При тоа Ставрески посочи дека банките треба поинтензивно да учествуваат во растот на економијата односно да нудат повеќе кредити за стопанството. „Со оглед на тоа дека резултатите на македонската економија оваа година се добри, меѓу најдобрите во Европа, ризикот за банките е намален и очекувам и во 2014 година да продолжат со поинтензивна кредитна поддршка на стопанството, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески Дополнително според Ставрески, добро е што во претходниот месец има мало заживување на кредитниот раст. „ Околу 5 проценти е меѓугодишната стапка на кредитен раст што покажува дека постепеното заздравувањето на економијата го поддржува и приватниот сектор, односно инвестициите во приватниот сектор за кои се потребни банкарски кредити. Ние го помагаме тој процес и со новите 100 милиони евра од Европската банка кои со 5,5 проценти камата преку банките можат да завршат во малите и средни претпријатија, рече Ставрески. Кучи: Добра година, но потребно е подобрување на бизнис климата

Годината што изминува на економски план и за Владата и за бизнис заедницата е добра, посочија бизнисмените од Стопанската комора на Северозападна Македонија по средбата што ја имаа со премиерот Никола Груевски и членови на Владата.

Сепак, бизнис секторот на средбата од Владата побара и натаму да се работи на подобрување на бизнис климата, инфраструктурата, како што е железничко поврзаување со Албанија и автопатско поврзување со Косово, работата на администрацијата во одделни институции и користењето на средствата од ИПАРД програмата.

„Како бизнис заедница сакаме да бидеме оптимисти и 2014 година сакаме да ја почнеме во оптимистички дух. Оваа наша средба не охрабрува во тој оптимизам. Се надеваме на уште подлабока и почеста соработка со Владата, изјави претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.

Н.С.
Слично

Поврзани вести