Индустријата непривлечна за граѓаните-скромен раст во мај
Скромен раст забележа Статистика кај бројот на вработени во индустријата.
Бројките покажуваат дека индустриските гранки не се многу привлечен сектор за оние кои бараат работа.
0,4 одсто изнесува порастот на работниците во индустријата во мај 2016 година во однос на мај 2015 година.
Најголем пораст е забележан во секторот Рударство и вадење на камен каде во мај 2016 тој изнесува 2.3%.
Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација Државниот завод за статистика ревидирал од пад 0.2%.
Според главните индустриски групи, најголем пораст на бројот на работниците има кај Енергија за 1.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8%, Капитални производи за 9.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, додека пад има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.
Значат ли овие податоци на Статистика дека индустријата во земјава не е доволно развиена и привлечна за македонските граѓани ?
