Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДУСТРИЈАТА НА ДНОТО: Погодени Германија, Шпанија, Франција, Италија

ИНДУСТРИЈАТА НА ДНОТО: Погодени Германија, Шпанија, Франција, Италија

Индустријата во еврозоната го доживеа својот најголем пад во април. 

Поради пандемијата на коронавирус беше прекината производствената активност, покажуваат објавените статистички податоци на Евростат.

Индустриското производство во 19-те земји членки на монетарниот блок се намалило за 17,1 процент во април на месечно ниво, а на годишно за 28 отсто, што е најмногу од 1991 година, кога почна да се води оваа евиденција за еврозоната.

Германија има пад на индустриското производство во април од 30,2 отсто на годишно ниво, додека Франција и Италија, кои се другите две најсилни економии во блокот, регистрирале уште поголем пад, во износ од 34,9, односно 42,5 проценти.

Шпанија има пад на индустријата за 34,3 отсто.

Луксембург имам најлоши резултати, и кај нив индустријата доживеа пад за 43,9 проценти во април.

Ирска е единствената земја меѓу 27-те земји членки на ЕУ, која во април остварила раст на производството за 5,5 отсто на годишно ниво.

Поради пандемијата, сите економски параметри во еврозоната се лоши. 

Расте невработеноста и се намалува економскиот раст. 

Слично

Поврзани вести