Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДУСТИРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СО ПАД ОД 6,5 ПРОЦЕНТИ: еве кои сектори се засегнати

ИНДУСТИРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СО ПАД ОД 6,5 ПРОЦЕНТИ: еве кои сектори се засегнати

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат намалување на индустриското производство од 6,5 проценти во јуни. 

Како што пишуваат статистичарите кај секторот Рударство и вадење на камен има пад од 9,5 проценти, во секторот Преработувачка индустрија се бележи опаѓање од 4,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 16,7 проценти. 

- Според главните индустриски групи, производството во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 13,7 отсто, Капитални производи за 11 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 отсто. Пораст има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 13,6 отсто, додека кај Интермедијарни производи, освен енергија е на исто ниво. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2024 година, во однос на периодот јануари - јуни 2023 година, изнесува 94.9 - пишува во соопштението на ДЗС. 

Слично

Поврзани вести