Индонезија со мерки за спречување на радикалниот ислам
Индонезија презема остри мерки против осомничени исламисти, откако минатиот месец имаше напад во главниот град Џакарта.
Најавено е присуство на Исламската држава во Југоисточна Азија за прв пат и затоа Владата двојно го зголеми буџетот на фондот за селата, на 47 илјади милијарди долари. На ваков начин властите ќе им помогнат на сиромашните граѓани, за да не се приклучуваат кон радикалните групи. Се смета дека сиромаштијата е тесно поврзана со можноста населението да се радикализира.
За нападот во Џакарта уапсени беа 18 лица, осомничени за учество или организација на терористичкиот напад, извршен на 14 јануари. Во терористичката акција кај кафулето Старбак беа убиени осум лица, од кои четворица напаѓачи. Шестмина од уапсените ќе бидат обвинети за директно учество во терористичкиот напад.
Пропагандата за што повеќе жители на Индонезија да се вклучуваат во борбите во Ирак и Сирија, и да размислуваат за формирање на калифати на архипелагот на кој живеат 256 милиони луѓе, од лани се шири низ социјалните мрежи.
Слично
