Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДОНЕЗИЈА БАРА ПОГОЛЕМА СУМА - Apple мора да плати 100 пати повеќе од планираното

ИНДОНЕЗИЈА БАРА ПОГОЛЕМА СУМА - Apple мора да плати 100 пати повеќе од планираното

Apple се соочува со сериозни предизвици во Индонезија, каде владата одлучи да ја забрани продажбата на моделите на iPhone 16 додека технолошкиот гигант не инвестира значително во земјата. Според последните информации, барањето на владата е јасно – Apple мора да инвестира дури една милијарда долари за да ја укине забраната, што е дури 100 пати повеќе од износот што компанијата првично го предложи.

Оваа забрана стапува во сила од октомври 2024 година, а причината лежи во фактот што Apple ги прекина своите редовни инвестиции во Индонезија, што претходно дозволуваше развој на работни места и економски активности во регионот. Откако првично понудија 10 милиони долари, а потоа ја зголемија таа сума на 100 милиони долари, индонезиските пратеници ги отфрлија двата предлога, барајќи многу поголема инвестиција.

Министерот за инвестиции на Индонезија очекува одговор од Apple во рок од една недела

Министерот за инвестиции на Индонезија, Росан Роеслани, рече дека очекува исплата од 1 милијарда долари од Apple во рок од една недела. Неговиот став е јасен: ако Apple сака да оствари профит од продажбата на своите уреди во Индонезија, компанијата мора да придонесе за локалната економија преку инвестиции и отворање работни места. Министерот, сепак, не прецизираше какви последици би можеле да следат доколку Apple не го исполни ова барање.


Индонезија се покажа како значаен пазар за Apple, со испораки од 2,9 милиони уреди во 2023 година, а бројките продолжуваат да растат. Покрај тоа, во светлината на трговските санкции што САД продолжуваат да ги воведуваат кон Кина, Индонезија би можела да стане потенцијална база за производство на производи на Apple, слично на она што веќе станаа Индија и Виетнам.

Иако ваквата финансиска интервенција е сериозен предизвик за Apple, таа може да донесе и долгорочни придобивки, вклучително и привилегии за увоз на суровини или леснотија на водење бизнис на овој растечки пазар. Доколку компанијата одлучи да ја инвестира бараната сума, не само што би можела да овозможи продолжување на продажбата на моделот iPhone 16, туку и во иднина да ја зајакне својата позиција во Индонезија.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести