Индиските бизнисмени убедени – ќе има многу инвестиции во Македонија
Индиски компании најавиле влез во земјава со капитал со цел да инвестираат и да го прошират својот бизнис кај нас, а од тука да ги лансираат своите производи на европскиот пазар.
Ваквите свои ставови ги презентирале претставниците на компаниите за време на директните средби со владината делегација од земјава предводена од премиерот Никола Груевски која деновиве е во потрага по инвестиции и странски капитал во Индија.
Најголем интерес пројавиле компании од енергетскиот сектор и од секторот метална индустрија.
Според индиски компании наредните месеци се клучни за носењето на одлука. Тие Македонија ја гледаат како добра дестинација од кадешто би ги пласирале своите производи и на европскиот пазар.
Индиските бизнисмени се убедени дека ќе има многу инвестиции во Македонија од различни делови на светот бидејќи како што велат, земјата нуди одлични можности за бизнис.
„Ние сме навистина заинтересирани да инвестираме во Македонија во енергетски капацитети на термални или обновливи извори. Разговараме за изградба на голем енергетски капацитет на термални води во Македонија и инсталирање на неколку соларни постројки. Владата вложува напори. Амбиентот што го создава има за цел да им се олесни на луѓето да водат бизнис во Македонија и тоа се многу позитивни потези особено со нискиот даночен режим“, изјави Арвин Гупта, оперативен директор на ОПГ Групацијата.
Добрата инфраструктура,слободните индустриски зони,ниските даноци и високите оценки од меѓународните финансиски инвестиции,во Калкута од македонска страна претставени како главен адут за привлекување инвестиции.
„Имавме и средба со крупна компанија која вреди над една милијарда евра, која котира на Лондонската берза и е во бизнисот со производство на електрична енергија од јаглен. Тие имаат интерес за инвестирање во Македонија, сега сме во почетни разговори. Ќе дојдат да направат подлабоки анализи, така што и тоа е една голема можност“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.
За време на посетата на Калкута Груевски остварил и контакт со компанија од областа на металната индустрија.
Слично
