Индискиот сој на коронавирусот се појави и во Хрватска
Индискиот сој на коронавирусот веќе е присутен и во Хрватска.
Ива Пем Новосел од Хрватскиот завод за јавно здравство, во емисијата Студио 4, изјави дека во Хрватска е откриен индиски сој.
„Откриен е пред неколку дена во Сплитско-далматинската жупанија, но тоа се индивидуални случаи и нема причина за паника“, изјави таа, додавајќи дека и понатаму треба сите да бидат претпазливи, пренесе ХРТ.
Новите соеви се доста заразни и голема е можноста за нивно брзо пренесување. Индискиот сој претходно беше откриен и во Унгарија, кај граѓани кои не патувале надвор од државата.
Слично
