Индискиот сој е присутен и на Балканот
Индискиот сој на коронавирусот е регистриран во Романија.
Романија го регистрира првиот случај на индиската мутација, соопшти денеска Министерството за здравство. Индискиот сој е дијагностициран кај помлад пациент (26), кој пристигнал во Романија пред околу еден месец. Министерството ги следи и градежни работници кои неодамна пристигнаа од Индија во областа Брашов.
Индискиот сој е откриен во 17 земји во светот. Го има во Индија, САД, Велика Британија и Сингапур, но има и случаи во Белгија, Швајцарија, Грција и Италија. Јужноафриканската мутација претходно беше откриена во неколку балкански земји како Грција, Хрватска, Словенија.foto freepik
Слично
