Индиска компанија сака да инвестира во Малешевијата
Индиска компанија заинтересирана за изградба на хотели од висока категорија, СПА центри и инвестирање во прехранбениот сектор во Малешевијата.
Претставници на компанијата „Аџаи груп“, веќе беа во посета на општина Берово со цел да се запознаат со можностите за инвестирање во Малешевијата.
Сопственикот на индиската компанија "Аџаи груп", Аџаи Синг со двајца извршни директори и со советникот за меѓународни инвестирања Шрутидара Ариа на средба со домаќинот градоначалникот Драги Наџински беа запознати со условите и можностите што ги нуди Малешевијата за развој на туризмот.
Гостите од Индија најавија нивна повторна посета на Берово во првите два месеца од наредната година кога ќе понудат и конкретни проекти.
„Аџаи груп" е мултинационална компанија со синџир на хотели и производство на храна и вино
